• петок, 05 декември 2025

Најмалку еден повреден во руски напад со дронови врз украинскиот град Славјанск

Најмалку еден повреден во руски напад со дронови врз украинскиот град Славјанск

Славјанск, 20 ноември 2025 (МИА) – Најмалку едно лице е повредено во руски напад со дронови врз источниот украински град Славјанск, јави Укринформ, повикувајќи се на локалните власти.

Во синоќешните напади со дронови „Геран-2“ Русите, исто така, нанесоа материјална штета на 15 станбени објекти и два автомобили, напиша на Фејсбук раководителот на градската воена администрација, Вадим Љах.

Повредениот Украинец е хоспитализиран.

Претходно, Укринформ јави дека во руските напади извршени ноќеска биле повредени двајца жители на Доњецката област, во градот Славјанск и во селото Дмитро-Дариевка. јт/

Фото: Љах на Фејсбук

Остани поврзан