• петок, 22 ноември 2024

Најдобриот словенечки лекар Хатије Исмаили стана почесен граѓанин на Гостивар

Најдобриот словенечки лекар Хатије Исмаили стана почесен граѓанин на Гостивар
Гостивар, 31 мај 2021(МИА) - Гинекологот Хатије Исмаили Беџети која минатата година беше прогласена за најдобар лекар на Словенија, од денеска е почесен граѓанин на Општина Гостивар. Одлуката ја доби поддршката на советот на општината на денешната седница. Предлогот пред членовите на советот го образложи градоначалникот Арбен Таравари. – Неодамна имав средба со Хатије Беџети Исмаили која беше во посета на роднини и пријатели во нашата општина. Се интересирав за нејзините постигања на професионален план. Таа минатата година од страна на претседателот на Република Словенија Борут Пахор, беше одликувана со наградата „Најдобар лекар на Словенија“. Оваа награда претставува чин на гордост не само за Гостивар, нејзиниот роден град, туку и за доброто на регионот, рече Таравари во образложението. Д-р Хатие Беџети минатата година во кампањата „Мој лекар“ ја понесе ласкавата титула, а признанието и го врачи шефот на словенската држава. Таа е родена во Гостивар каде завршува средно образование. Во Хрватска, на Медицинскиот факултет во Ријека дипломира, а потоа се вработува во Ново Место, Словенија, каде работи и живее со своето семејство.згм/фф/

Остани поврзан