• четврток, 12 февруари 2026

Мицкоски: Проект „Енергетска ефикасност во средните училишта со промена на начинот на греење“ во Кичево за поквалитетни услови за настава

Мицкоски: Проект „Енергетска ефикасност во средните училишта со промена на начинот на греење“ во Кичево за поквалитетни услови за настава

Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Проектот „Енергетска ефикасност во средните училишта со промена на начинот на греење“ во општина Кичево има цел унапредување на енергетската ефикасност и создавање поквалитетни услови за настава во образовните институции - пишува премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Со проектот се предвидува модернизација на системите за греење, со што ќе се постигне значително намалување на потрошувачката на енергија и на трошоците за одржување.

- Инвестицијата во износ од 19.456.070 денари придонесува кон подобрување на еколошките стандарди, намалување на емисиите на штетни гасови и создавање поздрава и поодржлива средина за учениците и наставниот кадар - пишува Мицкоски.

Тој додава дека проектот претставува важен чекор кон одржлив развој и унапредување на образовната инфраструктура во општина Кичево. сст/са/

Фото ФБ Христијан Мицкоски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан