• понеделник, 12 јануари 2026

„Cinema Made in Italy” - ревија на современи италијански филмски хитови

„Cinema Made in Italy” -  ревија на современи италијански филмски хитови

Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Со проекција на филмот „Забранетиот град“ во режија на Габриеле Маинети, снимен оваа година, од денеска до 13 декември ќе се одржува третото издание на  „Cinema Made in Italy” - филмска ревија посветена на најголемите хитови на современата италијанска кинематографија.

Ревијата е организирана од Cinecittà, една од најважните европски филмски и фотографски архиви, во соработка со Италијанскиот институт за култура во Белград и со поддршка на Амбасадата на Италија во Скопје.

-Во текот на четирите ревијални вечери ќе бидат прикажани филмови излезени во киносалите во текот на оваа година, најнови остварувања на афирмирани или нови режисерски имиња, селектирани и претставени на најпрестижни филмски фестивали. Проекциите ќе се одржат во „Синеплекс“ во Скопје Сити мол и ќе почнуваат во 20 часот. Филмовите ќе бидат со превод на македонски, а влезот ќе биде бесплатен, информира Амбасадата на Италија. 

Во рамки на програмата, утре ќе биде прикажан филмот „Три чинии“ во режија на Исабел Коишет, в петок - „Грабнувањето на Арабела“ во режија на Каролина Кавали и в сабота филмот „Една учебна година во на режија Лаура Самани со кој ќе заврши филмската ревија „Cinema Made in Italy”. 

За архивот Cinecittà, Амбасадата наведува дека е „чувар на прочуениот „Archivio Luce“ (Архив Луче) — визуелно наследство впишано во листата на УНЕСКО „Сеќавања на светот“ (Memory of the world Register)“.

-Управува и со познати филмски студија и ја промовира италијанската кинематографија ширум светот како член на European Film Promotion (EFP), се наведува во соопштението. 

Повеќе информации за четиридневната филмска ревија се достапни на линкот: https://www.cineplexx.mk/film?category=now&location=all... хс/са/

Фото: Амбасада на Италија 

Остани поврзан