• понеделник, 23 декември 2024

Фотоизложба „Што носеше кога сама си го бараше?“

Фотоизложба „Што носеше кога сама си го бараше?“

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Фотоизложба „Што носеше кога сама си го бараше?“ на Види Вака во соработка со фотографката Ерина П. Богоева ќе биде отворена вечерва во Кинотеката на Македонија. На изложбата ќе бидат претставени 15 дела на Ерина П. Богоева.

Фотоизложбата, што ќе биде поставена до 25 ноември, ги пренесува приказните на 15 жени кои гласно и храбро раскажаа за сексуалното вознемирување и насилство со кое се соочиле во својот живот. Со неа се испраќа јасна порака: Никоја „сама не си го бара!“. Со обвинување на жртвата се ставаме на страната на насилникот.

-Вкупно 45 отсто од жените во Македонија се изјаснуваат дека доживеале психичко, физичко или сексуално насилство од интимен партнер од нивна 15-годишна возраст. Десет проценти од жените кои некогаш имале партнер велат дека доживеале физичко насилство, додека 3 проценти жени велат дека доживеале сексуално насилство. Дополнително 30 отсто од жените доживеале сексуално вознемирување, велат од Види Вака.

Нагласуваат дека оваа изложба е иницирана како одговор на големиот број на фемициди, психичко, физичко и сексуално насилство и вознемирување врз жените.вј/са/

Фото: Види Вака 

Остани поврзан