• понеделник, 06 април 2026

Промоција на сликовницата „Каде оди реката?“

Промоција на сликовницата „Каде оди реката?“

Скопје, 5 април 2026 (МИА) - Во КСП Центар - Јадро денеска ќе се одржи промоција на сликовницата „Каде оди реката?“ од Хана Корнети, со илустрации на Марија Трајаноска. Изданието е на „Чудна шума“, реализирано во соработка со Еко-свест.

Сликовницата ја раскажува приказната за Лука, кој копнее да го запознае светот зад далечниот хоризонт, следејќи го текот на реката. Во негово име, снешкото Магелан тргнува на необична авантура, впуштајќи се во патување низводно, каде што ги открива природните убавини, но и последиците од човечката негрижа кон животната средина.

„Каде оди реката?“ претставува лирска екоприказна што обработува теми како пријателството, одговорноста и надежта, испраќајќи порака за значењето на свесните избори во зачувувањето на природната рамнотежа.

Сликовницата е создадена во соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје, а нејзината содржина е инспирирана од нивните активности и истражувања поврзани со заштитата на реките и речните екосистеми. дма/

Фото: Илустрација

Остани поврзан