• вторник, 24 декември 2024

Премиера на „Дури и глувците одат во рајот“ – нова анимирана авантура за деца во кино „Милениум“

Премиера на „Дури и глувците одат во рајот“ – нова анимирана авантура за деца во кино „Милениум“

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Чешката анимирана авантура за деца „Дури и глувците одат во рајот“ во режија на Дениса Гримова и Јан Бубеничек ќе биде премиерно прикажана денеска во киното „Милениум“ од 18 часот.

По премиерата во Скопје, како што соопштува дистрибутерот Катавеј, филмот ќе биде прикажан во повеќе градови низ републиката и онлајн на платформата cinesquare.net.

Филмот, синхронизиран на македонски и албански јазик, е за двајца смртни непријатели - малото глувче Визи и лисицата Вајтбели кои по еден несреќен настан се среќаваат во животинскиот рај. Тие ги губат своите природни инстинкти и стануваат најдобри пријатели. Нивната желба да останат заедно откако ќе се вратат на земјата се остварува, но тие повторно се раѓаат во спротивни улоги. Благодарение на моќта на пријателството тие можат го надминат дури и она што се чини дека е невозможно.

Станува збор за чешко-француско-полско-словачка копродукција која беше меѓу номинираните за најдобар европски анимиран игран филм во 2021 година.

Филмот е добитник на повеќе награди, меѓу кои победник на Интернационалниот филмски фестивал во Шангај, награда за најдобар филм на Интернационалниот филмски фестивал Шлингел во Германија, награда од публиката на Интернационалниот фестивал на анимиран филм Анифилм и други.ар/са

Фото:Катавеј

Остани поврзан