• среда, 18 декември 2024

Првиот вицепремиер Меџити ќе се обрати на 22. Министерски совет на Енергетската заедница во Виена

Првиот вицепремиер Меџити ќе се обрати на 22. Министерски совет на Енергетската заедница во Виена

Скопје, 12 декември 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во Виена ќе има обраќање на 22. Министерски совет на Енергетската заедница.

- На овој годишен состанок, каде Меџити присуствува заедно со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска,  ќе се дебатира околу теми поврзани со идното воведување на дополнителни законодавни обврски од областите нa управувањето со водите, живеалишта и дивите птици (измените од 2009 на ЕУ директивата), како и околу надградбата на Патоказот за декарбонизацијата, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Енергетската заедница е меѓународна организација која ја олеснува енергетската соработка на ЕУ и деветте договорни страни: Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина, а има и три постојани набљудувачи: Ерменија, Норвешка и Турција.

-Нејзина главна цел е да ги приближи договорните страни на ЕУ преку олеснување на реформите и постепено проширување на правото на ЕУ за енергија, животна средина и клима, се наведува во соопштението од МЖСПП. хс/лв/

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

 

Остани поврзан