• понеделник, 23 декември 2024

Прва работилница за родители од проектот „Крени глас против врсничко насилство“

Прва работилница за родители од проектот „Крени  глас против врсничко насилство“

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ денеска ќе се одржи прва работилница за родители против врсничко насилство, организирана во рамки на кампањата „Крени глас“ на компанијата „Макпетрол“.  Свои искуства ќе споделат и членови на стручните служби од основните училишта во Општина Центар.

-Родителите ќе можат подетално да се запознаат со проблемот со булингот и да дознаат како е најдобро да се справат доколку се соочат со ваква ситуација. Вакви работилници „Макпетрол“ ќе организира во сите општини што се приклучија на „Крени глас против врсничко насилство“. Овие едукативни средби ќе ги предводи популарниот актер Сашко Коцев, а за стручниот аспект ќе биде задолжен психологот Деспина Стојановска, која изминатава година на оваа тема работеше со учениците низ цела Македонија, соопшти организаторот. 

Ученици во повеќе од 150 училишта изминатава година ги посетиле работилниците овозможени од „Макпетрол“. Како што наведуваат од компанијата, според неофицијалните проценки помеѓу 35 000 и 45 000 деца учествувале во овие едукативни средби.  На кампањата се приклучиле  26  општини кои дале поддршка за вредностите и промените што компанијата се обидува да ги поттикне во нашето општество.

-Уште самиот почеток, вебсајтот kreniglas.mk е централен елемент на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“. Платформата изобилува со информации  коишто пренесуваат најразлични знаења за булингот. Тие можат да придонесат во изнаоѓањето пристапи и решенија на проблемот со врсничкото насилство од кое најмногу се засегнати децата, а во целиот процес особено важна улога играат и родителите и наставниците. Секој што се соочил со овој проблем на оваа интернет- страница може анонимно да ја сподели личната приказна, додека преку интерактивен квиз можат да откријат какви познавања имаат на темата, наведува „Макпетрол“. хс/нд/

Фото: Макпетрол 

Остани поврзан