Отворање на изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“
- Во НУ Завод и музеј – Прилеп вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ во организација на Завод и музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата. Изложбата е резултат на десетгодишната соработка меѓу овие две институции во проучување на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија.
Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Во НУ Завод и музеј – Прилеп вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ во организација на Завод и музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата.
Изложбата е резултат на десетгодишната соработка меѓу овие две институции во проучување на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија.
-На изложбата ќе бидат претставени најновите резултати од мултидисциплинарните истражувања меѓу повеќе македонски и европски институции кои дадоа сосема ново видување на овој мошне значаен локалитет за македонската и светската археологија. Тие ќе бидат изложени заедно со прекрасните артефакти откриени од целокупното проучување на Врбјанска Чука, со што, покрај научните сознанија, ќе бидат истакнати уметничките, стопанските и техничките достигнуваања на едни од првите земјоделци во Македонија, соопштија организаторите.
Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура и туризам во рамки на проектот „70 години НУ Завод и музеј - Прилеп“. хс/бак/
Фото: Завод и музеј – Прилеп