• вторник, 18 јуни 2024

Одбележување на Денот на воздухопловниот ВИНГ

Одбележување на Денот на воздухопловниот ВИНГ

Скопје, 10 јуни 2024 (МИА) - Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе биде одбележан Денот на воздухопловниот ВИНГ. 

На свеченоста најавено е присуство на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, како и на претставници од Армијата и Министерството за одбрана и на поранешни команданти и припадници на ВИНГ. 

Денот на единицата ќе се одбележи со прелет на воздухопловите кои се дел од единицата, како и со пригодни обраќања на командантот на вВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски и началникот на командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.

Воздухопловниот ВИНГ го одбележува 10 јуни како датум кога во 1992 година се случил првиот лет на воен екипаж од штотуку формираното македонско воено воздухопловство. бак/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан