• сабота, 16 ноември 2024

Облачно и посвежо, на повеќе места со пороен дожд

Облачно и посвежо, на повеќе места со пороен дожд

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) – Времето денеска ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град. 

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2за 24 часа), грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето во четврток. 

Под влијание на нова влажна и нестабилна воздушна маса врнежи повторно се очекуваат в петок. ар/нд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан