• петок, 22 ноември 2024

НКЕУ-МК ќе одржи сесија за одговорноста на релевантните субјекти во спроведувањето на правдата во Северна Македонија

НКЕУ-МК ќе одржи сесија за одговорноста на релевантните субјекти во спроведувањето на правдата во Северна Македонија

Скопје, 25 април 2023 (МИА) - Националната конвенција за ЕУ во Северна Македонија ќе биде домаќин на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23), која ќе ја одржи единаесеттата сесија на тема „Регулација, прагматички контекст и ефекти vis-a-vis Поглавјето 23 и одговорноста на релевантните субјекти во спроведувањето на правдата во Република Северна Македонија“, во организација на Европското движење.

Правниот експерт за Западен Балкан Кристијан Туркаљ, главен преговарач во преговарачкиот тим на Република Хрватска за Поглавје 23 – Правосудство и основни права, ќе има воведно обраќање во темата.

Во дебатата ќе бидат вклучени и други експерти од областа на правото, судии, универзитетски професори, но и претставници на граѓанскиот сектор, релевантни за оваа тема. нд/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан