• петок, 22 ноември 2024

Кралството Норвешка отвора конзулат во Скопје

Кралството Норвешка отвора конзулат во Скопје

Скопје, 29 јуни 2023 (МИА) - Конзулатот на Кралството Норвешка во Скопје денеска официјално ќе отпочне со работа. 

На свеченоста, во просториите на „Алкалоид АД“ Скопје во Автокоманда, ќе присуствуваат амбасадорот на Норвешка во Белград, Јорн Еуген Ѓелштад, државниот секретар при Министерството за надворешни работи на Норвешка, Еивин Вад Петерсон, советникот во Кабинетот на министерот за надворешни работи на Норвешка, Гро Дахле, заменик директорот во секторот за ЈИЕ при МНР на Норвешка, Јохан Лоов, како и првиот секретар на Амбасадата на Норвешка во Белград, Стефан Алмехаген Сандстад. 

За конзул на Кралството Норвешка во Скопје е назначен Живко Мукаетов, кој исто така функцијата Генерален конзул на Кралството Данска ја извршува веќе 16 години. ев/бак/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан