• петок, 03 мај 2024

„Кармина Бурана“ од Карл Орф вечер на сцената на Националната опера и балет

„Кармина Бурана“ од Карл Орф вечер на сцената на Националната опера и балет

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечерва концертно ќе биде изведена „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Диригент е Иван Еминовиќ, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска.

Ќе настапат Наде Талевска, сопран, Васко Здравков, баритон и Нико Ѓоргиевски, контратенор, заедно со хорот и оркестарот на НОБ.

-Публиката ќе може да дојде и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот. Слушањето на моќната „Кармина Бурана“ е секогаш посебно искуство и со години го привлекува вниманието на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар, велат од НОБ. бт/бак/

ФОТО/ Национална опера и балет

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан