• понеделник, 23 декември 2024

„Импровизации“ - самостојна изложба на Глигор Кондовски

„Импровизации“ - самостојна изложба на Глигор Кондовски

Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) - Во Културно социјалниот простор Центар Јадро во Скопје вечер ќе биде отворена самостојна изложба на Глигор Кондовски насловена „Импровизации“. На отворањето на изложбата ќе настапи џез триото Глигор Кондовски – виолина, Владан Дробицки – тромбон, Дени Омерагиќ – контрабас.

Изложбата ќе ја отвори Мирко Попов. Како што посочува ликовниот уметник Билјана Билбилоска за оваа изложба, слободниот дух и слободната рака го одвеле уметникот на најнеочекуваните фотографски надминувања,

-Во овој фотографски момент, Глигор ја поставува фотографијата на ниво на класичната визуелна техника. Медиумот е граница, но ликовниот израз е високата визуелна точка на вкрстување на сите технички патувања. Слободниот дух и слободната рака во овој случај го одвеле уметникот на најнеочекуваните фотографски надминувања, додека слободата како апсолут во сите сфери од животот ја носи и како ангажирана идеја овојј современ уметник. Овие фотографии поставуваат прашања: што е слобода, ги преиспитува границите на слободата, односот на современиот човек кон слободата, како и тоа што е внатрешна ,а што надворешна слобода?“, веи Билбилоска.

Глигор Кондовски (1980) дипломира на Факултетот за музичка уметност, вокално- интрументален оддел, отсек виолина. Дипломира на вториот Факултет за драмски умености при Тетовскиот универзитет, филмска и ТВ режија. Магистрира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Филмско и ТВ сценарио. Моментално е вработен како наставник по виолина во ДМУ “Тодор Скаловски - Тетоец” во Тетово.

Со композицијата „Once upon a train” учествува на една компилација наречена „Клавирско небо” во Србија во 2021 година. Во 2022 го издава соло албумот „Encounter”, за издавачката куќа ПМГ ЏЕЗ. Има неколку промотивни настапи на албумот - „Крај Вардарот Сесии” во Аудиокултура, настап на Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез”, како и настап на „Скопско лето” во 2023 година.бт/лв/

Фото/ Центар Јадро

Остани поврзан