• понеделник, 23 декември 2024

Изложба „1000 добро изодени патеки“ на Елена Чемерска во „Центар-Јадро“

Изложба „1000 добро изодени патеки“ на Елена Чемерска во „Центар-Јадро“

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Самостојната изложба „1000 добро изодени патеки“ на уметницата Елена Чемерска ќе се отвори вечер во Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“, а во соработка со галеријата ГРАЛ. 

-  „1000 добро изодени патеки“ ја испитува променливата врска помеѓу телата, објектите и светот околу нас. Преку слики, текст и звук, Елена ги истражува темите на распаѓање, трансформација и постојаните промени што го обликуваат нашето постанување, се вели во најавата за изложбата.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, галеријата ГРАЛ и Винаријата Попов. дма/ев/

Фото: Плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан