• недела, 07 јули 2024

Изложба „Експериментален цртеж“ во уметничкиот центар АРТ ХАБ во Скопје

Изложба „Експериментален цртеж“ во уметничкиот центар АРТ ХАБ во Скопје

Скопје, 11 мај 2023 (МИА) - Во уметничкиот центар АРТ ХАБ во Скопје вечерва со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“.

Од Друштвото на ликовни уметници информираат дека на изложбата учествуваат 30 уметници и тоа Ана Ивановска, Ангелца Стоиљковиќ, Аница Китановска, Ацо Таневски, Валентина Илијевска, Вања Дуза, Виолета Чапоска, Гордана Вренцоска, Дејан Иванов-Маргуш, Ѓорѓи Динев, Златко Глигоров, Игњат Шќеќиќ, Јана Јакимовска, Јана Луловска, Јана Манева-Чупоска, Кирил Гегоски, Кристина Пауновска Гиразова, Лусиана Ампева, Марија Светиева, Марија Трајановска, Марија Мицова Гацова, Марина Цветановска Мартиновска, Мила Добревска, Ненад Тонкин, Стефан Јакимовски, Стефан Младеновски, Слободан Милошевски, Слободан Живковски, Стефан Анчевски, Тања Таневска. 

- Во ова издание на изложбата на ДЛУМ „ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ЦРТЕЖ 2023“, без зададена тема, но со назначени пропозиции и димензии, уметниците цртежот го практикуваа во нивниот карактеристичен ракопис, внесувајќи експеримент и се чувствува освежување во третманот на техниката цртеж на хартија, велат од Друштвото на ликовни уметници. ар/бак/

Фото: Друштво на ликовни уметници

Остани поврзан