• петок, 22 ноември 2024

Дебата „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“

Дебата „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“

Скопје, 12 март 2024 (МИА) - Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира дебата на тема „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“.

Според организаторите, во регионални, но и европски рамки, интересот на науката и истражувачите за и околу Република Северна Македонија е фокусиран, пред се, на мултиетничките карактеристики на македонското општество. Покрај тоа нашата држава е мултирелигиска, што, како што наведуваат, претставува уште една нејзнина значајна карактеристика. 

-Концептот на мултирелигиска држава е соодветен за македонските прилики, со оглед дека мултиконфесионалноста и од историски, но и од современ аспект претставува значајна карактеристика на македонското општество која влијае врз процесите и го обликува развојот на државата. Со оглед на фокусирање кон мултиетничкиот концепт во изминатите неколку децении, мултирелигискиот аспект на македонското општество е честопати занемарен, иако понекогаш се споменува како одреден импакт фактор, но без притоа сериозно да се анализира степенот на влијание на религијата врз општествените процеси, се наведува во соопштението.

Каква е улогата на Црквата во современото општество, геополитичките случувања и плуралистичка држава, во периодот на конфликти и судири, е едно од прашањата на кое ќе се разговара на дебатата што ќе се одржи во просториите на Филозофскиот факултет.

-Црквата треба да е отворена кон целиот свет и отворена кон проблемите на современите предизвици. Таа треба да биде во тек со случувањата на опш­тес­твените, научните, верските и сите општи теми и дали и како треба да ги следи геополитичките случува кои имаат непосредно влијание во животот на црквата, односно религијата и нејзиното позиционирање. Влијанието на религијата во политичките процеси е јасно препознатлива, а од друга страна исто така и влијанието на политиката во религиските процеси, наведуваат од Филозофскиот факултет. вг/лв/

Фото МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан