• понеделник, 23 декември 2024

Дебата „Северна Македонија и Западен Балкан низ призмата на новата политика на ЕУ за миграции и азил“

Дебата „Северна Македонија и Западен Балкан низ призмата на новата политика на ЕУ за миграции и азил“

Скопје, 4 септември 2023 (МИА) - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска во Скопје ќе биде домаќин на 12-та сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Северна Македонија и Западен Балкан низ призмата на новата политика на ЕУ за миграции и азил“, во организација на Европското движење.

Како што најавуваат организаторите, воведно обраќање на темата ќе има министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, додека советникот на Европската комисија и претседател на Италијанското европско движење, Пјер Вирџилио Дастоли, ќе се обрати онлајн.

Се очекува на сесијата да бидат дискутирани прашањата за јакнење на граничното управување кадешто се рутите, процедурите за азил и поддршка, илегалната миграција и борба против криумчарење мигранти, реадмисијата, процесите поврзани со економската миграција во земјава, емиграцијата на значителен дел од населението и други прашања. Во дебатата ќе бидат вклучени и други експерти од областа на безбедноста и миграциите, универзитетски професори, но и претставници на граѓанскиот сектор, релевантни за оваа тема.

Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е реализиран од страна на Европското движење во Северна Македонија, а е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. вг/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан