• сабота, 23 ноември 2024

Во Струмица почнува вториот меѓународен фестивал за љубителите на велосипедизмот

Во Струмица почнува вториот меѓународен фестивал за љубителите на велосипедизмот

Струмица, 1 јуни 2023(МИА) - Во Струмица вечер почнува вториот меѓународен фестивал за љубителите на велосипидизмот-„Вело Струмица“, кој ќе трае до задутре, соопштија од Општината.

Манифестацијата почнува со вело тура по новоизградените велосипедски патеки, по што следува официјалното пуштање во употреба на велосипедско-рекреативното игралиште “Pump Track“.

Овој проект е финансиран од Европската Унија и директно Општина Струмица, а се однесува на дополнување на понудата на велосипедски содржини кои се нудат, со цел стимулирање и поттикнување на употреба на велосипедот како здрав, еколошки и економичен начин на мобилност. На овој начин се овозможува богата вело-понуда за различни генерации, со фокус на различни потреби. 

-Визијата за трансформација на Струмица во велосипедски град и редовната употреба на велосипедот како примарно средство за движење на различни генерации прераснува во реалност и секојдневие. Со досега реализираната велосипедската инфраструктура, како и преку развој на рекреативните велосипедски содржини, континуирано вложуваме во прогрес кон “паметен вело град“. Продолжуваме понатаму со активности наменети за збогатување на можностите и понудата за активните велосипедисти, но и за оние за кои велосипедот е средство за рекреација. Предвидена е изградба на планински велосипедски патеки, како и развој на велосипедска инфраструктура која има за цел поврзување на населените места со градот, стои во изјавата на градоначалникот Костадин Костадинов, која ја пренесуваат од локалната самоуправа.

Целокупните активности во  насока на поттикнување на велосипедизмот  се дополнување на “Струмица-паметен Вело Град“, во чии рамки лани беа изградени и обележани градски велосипедски патеки.рт/

Фото: Општина Струмица

 

 

Остани поврзан