Во Скопје петдневна работилница за „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“
- Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Музејот на македонската борба ќе се обрати на работилницата „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“. На отворањето на настанот, присутните ќе ги поздрават и Синиша Шешум и Матео Росати од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа.
Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Музејот на македонската борба ќе се обрати на работилницата „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“. На отворањето на настанот, присутните ќе ги поздрават и Синиша Шешум и Матео Росати од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа.
Петдневната работилница е во насока на подигнување на свеста и градење капацитети за борба против недозволената трговија со културни добра за различни категории клучни институции и други засегнати страни.
Учесници ќе бидат меѓународни и национални експерти, претставници од министерствата за култура и туризам, за правда, за внатрешни работи и од Царинската управа, јавни обвинители и судии, како и музејски професионалци и менаџери на локалитетите.
Проектот „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“ е финансиран од Европската комисија и имплементиран од УНЕСКО преку Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа со седиште во Венеција и нејзината Антена во Сараево. ев/нд/
ФОТО: МИА Архива