„Болва в уво“ вечер премиерно во Драмски театар-Скопје
- Драмски театар Скопје вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Болва в уво“ од францускиот комедиограф Жорж Фејдо во режија на Синиша Евтимов кој е автор и на адаптацијата на текстот. Со оваа, петта премиера, ДТС ја завршува продукцијата во 2025 година.
Скопје, 17 декември 2025 (МИА) – Драмски театар Скопје вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Болва в уво“ од францускиот комедиограф Жорж Фејдо во режија на Синиша Евтимов кој е автор и на адаптацијата на текстот. Со оваа, петта премиера, ДТС ја завршува продукцијата во 2025 година.
„Болва в уво“ на сцената на Драмски се поставува повторно по пауза од над 30 години. Претходната, премиерно изведена во 1974 во режија на Димитрие Османли, имала 453 - најмногу одиграни изведби на сцената на овој театар.
Најголем дел од екипата на новата „Болва в уво“ се млади актери.
Во претставата учествуваат: Дениз Абдула (кој игра две улоги), Ања Митиќ, Марјан Наумов, Лазар Христов, Игор Стојчевски, Стефан Вујисиќ, Нина Елзесер, Владимир Петровиќ, Рубенс Муратовски, Катерина Шехтанска, Томислав Давидовски, Јована Спасиќ, Петар Стојковиќ и Ивана Павлаковиќ.
Сценограф е Мартин Манев, костимограф Раде Василев. дма/са/
Фото: Плакат