• сабота, 29 јуни 2024

Без струја делови од Ѓорче Петров, Аеродром, Сарај и Сопиште

Без струја делови од Ѓорче Петров, Аеродром, Сарај и Сопиште

Скопје, 25 декември 2023 (МИА) - Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров, Аеродром, Сарај и Сопиште.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, од 10:30 до 15:00 часот струја ќе немаат корисниците на дел од ул. „Стогово“ во Ѓорче Петров, а од 8 до 13 часот корисниците на бул. „АСНОМ“ бр.106 во Аеродром.

Без електрична енергија од 9 до 11 часот ќе бидат корисниците на населените  места Јаболци, Нова Брезница, Патишка Река, Држилово, Црн Врв, Елово, Осинчани, Малчиште, Рудопроект, Карст, Говрлево, Долно Соње, Горно Соње, Ракотинци и  Добри Дол во општина Сопиште.

Од 12 до 15 часот струја ќе немаат и корисниците од дел од ул. „Црногорска“ кај влезот за Кондово во општина Сарај. хс/бак/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан