Аудио-визуелна инсталација „Ноксиа“ во „Books & Dogs Café“
- Во надворешниот простор на локалот „Books&Dogs Café“, вечерва, ќе биде поставена аудио-визуелната инсталација „Ноксиа“.
Скопје, 20 септември 2025 (МИА) – Во надворешниот простор на локалот „Books & Dogs Café“, вечерва, ќе биде поставена аудио-визуелната инсталација „Ноксиа“.
Како што информираат од авторскиот тим на „Ноксиа“, проектот интегрира транс-медиуми кои со поврзување на алатките на генеративната вештачка интелигенција прикажува комуникациски можности и дисфункционалности
– Дигиталнaта комуникација со виртуелните соговорници е функционално истражување на аудио-визуелната инсталација која поврзува уметничко видео, звучен дизајн, актерска игра и поезија. Инсталацијата интегрира експериментално прикажување на специфична локација (site-specific), стои во соопштението.
Проектот го сочинуваат видео-авторката Вероника Камчевска, аудио продуцентот Горан Москов, актерката Јасмина Василева и поетите Елена Пренџова и Владимир Петровиќ. ра/вј/
Фото: „Ноксиа“