• понеделник, 23 декември 2024

Фестивалот „Културен амалгам“ продолжува во Кратово

Фестивалот „Културен амалгам“ продолжува во Кратово

Скопје, 27 јули 2024 (МИА) – Интердисциплинарниот и мултимедијален фестивал „Културен амалгам“, кој беше отворен синоќа со изложбата „24“ на Никола Јовановиќ во салонот Империјал 2, денеска продолжува во Културниот дом „Лазар Софијанов“ во Кратово.

Во месец август, фестивалот продолжува во сродните културни центри во Крушево (6 август) и Битола (22 август), со цел да ги отвори вратите кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија, преку поставување темели за соработка во различни средини и низ различни градови.

- Соработката на Културно информативниот центар – Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал треба да биде основа за понатамошно проширување и низ останатите градови низ Македонија и со збогатување на програмата со останати уметнички дисциплини како музиката, театарот, книжевноста, стрипот, велат од КИЦ.

Фестивалот синоќа почна во Скопје, изложбата „24“ на Никола Јовановиќ во салонот Империјал 2, составена од дваесет досега необјавени црно-бели фотографии на кои се прикажани портрети од музичкиот свет. Фотографиите се снимени во периодот 2023 до 2024 година на различни локации. Потоа фестивалот продолжи во Салонот 19:19, каде беа прикажани четири кратки филмови на Саша Станишиќ.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам. ир/нд/

Фото: КИЦ

Остани поврзан