• сабота, 06 јули 2024

УСАИД со проект за потпишување на меморандум за меѓуопштинска соработка

УСАИД со проект за потпишување на меморандум за меѓуопштинска соработка

Скопје 18 мај 2023 (МИА) - Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска ќе биде домаќин на настан за потпишување на Меморандум за соработка со третата група на 24 нови партнер-општини.

Од УСАИД исто така информираат дека на настанот ќе им се оддаде признание на 15-те партнер општини од првата група за резултатите кои ги постигнаа во унапредување на административните капацитети кои се клучни за функционирање на секоја општина и неопходни за обезбедување на подобри услуги кон граѓаните и бизнис заедницата.

Свое обраќање на настанот ќе имаат министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер и претставници од партнер-општините.

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен проект (2021-2026), кој им помага на единиците на локалните самоуправи  во Северна Македонија да ги соберат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани. сх/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан