• понеделник, 23 декември 2024

СОС Детско село ќе одржи информативна сесија во Свети Николе

СОС Детско село ќе одржи информативна сесија во Свети Николе

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) - Центарот за поддршка на згрижувачки семејства СОС Детско село во соработка со Министерство за труд и социјална политика и Општина Свети Николе денеска ќе одржи  информативна сесија за потенцијални згрижувачи во Свети Николе, по повод “Денот на згрижувачите“.

Настанот ќе се одржи во салата во зградата на општината во Свети Николе со почеток во 17:30 часот, каде што обраќања ќе имаат градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев и директорката на Центарот за социјална работа Катерина Сенева Конева. сх/са/

Фото: СОС Детско село

Остани поврзан