• сабота, 15 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Изложба на идејни решенија за новата управна зграда на Општина Центар

Изложба на идејни решенија за новата управна зграда на Општина Центар

Скопје, 4 март 2025 (МИА) - Општина Центар денеска организира Архитектонска изложба за идејни решенија за новата општинска зграда. Изложбата ќе се одржи во КСП Центар - Јадро со почеток во 19 часот. 

Како што соопштуваат од Општина Центар, на изложбата ќе бидат презентирани различни архитектонски решенија кои имаат за цел да создадат современ и функционален простор за граѓаните и општинската администрација. 

Пред присутните ќе се обратат градоначалникот Горан Герасимовски, проф. д-р Мишко Ралев и претставници од наградените трудови.

Со изградбата на планираниот нов комплекс, старите бараки ќе се заменат со современ објект. Проектот вклучува изградба на подземен паркинг со околу 300 паркинг места и простор за 100 велосипеди.

Стручната комисија избрала три најуспешни идејни архитектонски решенија од вкупно 13 пристигнати трудови. 

Првата награда е доделена за идејното решение под шифрата „НАМАТ“ на: Нина Карангелеска-Тодоровска, Сара Ничота, Милена Шундовска Четелева и Кристијан Ристовски.

Втората награда ја доби проектот под шифра „ЧКЛАБ“ на ПЛАТФОРМА ДОО Скопје, со авторите: Емил Јегени, Елена Икономов, Веле Богоевски, Јасна Милојковиќ Муратовска, Ана Галевска Момировска, Јосиф Николовски, Ѓоре Миров и Матеа Јегени.

Треторангирано е архитектонското решение под шифра „СЦЕНА“ на:  Митко Хаџи-Пуља, Никола Стрезовски, Христина Саљамовска-Трајкова и Теодора Илиевска. ар/ев/
Фото:Општина Центар

 

 

 

Остани поврзан