Начо се сели од Реал во САД или Саудиска Арабија
- Дефанзивецот на Реал Мадрид Начо Фернандез ќе го напушти мадридскиот клуб на крајот од актуелната сезона како слободен играч, објави денеска новинарот Фабрицио Романо.
Мадрид, 9 мај 2024 (МИА) – Дефанзивецот на Реал Мадрид Начо Фернандез ќе го напушти мадридскиот клуб на крајот од актуелната сезона како слободен играч, објави денеска новинарот Фабрицио Романо.
Според истиот извор, триесетичетиригодишниот Начо нема намера да ја промени првичната одлука да го напушти Реал и е подготвен кариерата да ја продолжи надвор од Европа.
Како следни дестинации ги разгледува САД, Канада или Саудиска Арабија.
Според италијанскиот новинар, не е исклучена можноста Начо да биде нов фудбалер на Интер Мајами каде сопственик е Дејвид Бекам.
Начо целата своја кариера е дел од Реал Мадрид за кој од дебито во 2011 година одигра 359 натпревари и пет пати ја освои Лигата на шампиони, а освои и четири шпански титули. ег ФОТО: Фејсбук