• понеделник, 01 јули 2024

Началникот на ГШ на Армијата, Ѓурчиновски, ќе учествува на конференција во Драч 

Началникот на ГШ на Армијата, Ѓурчиновски, ќе учествува на конференција во Драч 

Скопје, 5 јуни 2024 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, утре во Драч ќе учествува на конференција на началници на генералштабови на армиите на балканските земји (форум Б-9), која од денеска до 7 јуни се одржува во тој град во Албанија. 

-Форумот на началниците на генералштабови на балканските земји има девет членки  - Албанија, БиХ, Бугарија, Грција, Северна Македонија, Романија, Србија, Турција и Црна Гора. Основан е со иницијатива на Грција и Турција во 2006 година, а официјално е воспоставена на 10 мај 2007 година во Брисел, соопшти Министерството за одбрана.

Конференцијата на началниците на Генералштабовите на балканските земји се реализира еднаш годишно по принцип на ротација, а досега се одржани шеснаесет конференции. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан