Началникот на Генералштабот на Армијата, Ѓурчиновски, во посета на Обединетото Кралство
Скопје, 19 ноември 2023 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, од утре до 24 ноември ќе престојува во работна посета на Вооружените сили (ВС) на Обединетото Кралство.
Како што информира ГШ на АРМ, во рамки на работната посета на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство, генералот Ѓурчиновски ќе оствари средба со началникот на Главниот штаб на ВС, адмирал Сер Антони Радакин.
-Генералот Ѓурчиновски ќе оствари официјална средба и со Лорд Стјуарт Пич, маршал на британското воено воздухопловство, кој е специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан и поранешен претседавач на Воениот комитет на НАТО, се наведува во соопштението.
За време на престојот во Обединетото Кралство, генералот Ѓурчиновски, заедно со делегацијата на Армијата, ќе ги посети и oдбранбената академија во Шривенам, како и авијациската база на кралското воздухопловство-Булмер каде ќе оствари средба со воените раководители.хс/цр/
Фото: Генералштаб на Армијата