• понеделник, 23 декември 2024

Национална стратегија и кампања на грчката Влада за справување со врсничкото насилство во училиштата

Национална стратегија и кампања на грчката Влада за справување со врсничкото насилство во училиштата

Атина, 9 април 2024 (МИА) – Специјална платфрома за пријавување врсничко насилство, казни за насилниците, поделба на отсуствата на оправдани и неоправдани, се дел од националната стратегија на грчката Влада за борба со врсничкото насилство меѓу учениците, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и министерот за образование на Грција Киријакос Пјеракакис денеска присуствуваа на настан во средно училиште во Солун, каде што и беше промовирана и националната стратегија, но и информативната кампања за учениците.

Од денека функционира специјалната платформа „Стоп за врсничкото насилство“ (Stop bullying) преку која може родителите и учениците да пријавуваат врсничко насилство, но и да се информираат.

Грчкиот премиер во дискусијата со учениците истакна дека она што ги загрижува „не е само бројот на случаи, туку и нивниот интензитет и пред сè насилството“ и ги повика сите „да го прекинат молкот“ и тоа не само оние кои се жртви на насилство, туку и оние кои се сведоци на насилство.

- Насилството не е само физичко. Може да биде психолошко, може да биде преку интернет. И се разбира, ако размислиме, зад секој „булинг“ се крие нетолеранција на различностите. Некој е висок, некој низок, некој е дебел, има тетоважи, нема тетоважи, има различна сексуална ориентација, поддржува погрешен тим. И токму оваа различност и нетолеранција на различните се многу често во срцето на проблемот со врсничкото насилство, истакна Мицотакис.

Министерот за образование ги соопшти новите правила за работа на училиштата, враќање на поделбата на отсуствата на оправдани и неоправдани, дисциплинските мерки во случај на оштетување на училишниот имот, новата рамка за бркање од училиште, како и за употреба на мобилни телефони во училиштата. ср/ми/

Остани поврзан