• недела, 07 јули 2024

Научниците открија како најсмртоносната пандемија во историјата пристигна во Европа

Научниците открија како најсмртоносната пандемија во историјата пристигна во Европа
20 јуни 2022 ХИНА Црната смрт, што уби десетици милиони луѓе во средината на 14 век, потекнува од северниот дел на Киргистан, утврдија научниците врз основа на ДНК примероци од жртвите на бубонска чума закопани на гробиштата на древниот Пат на свилата во Централна Азија. Научниците објавија дека анализирале ДНК примероци од бактеријата Јерсиниа пестис (Yersinia pestis) од забите на три жени, закопани во средновековна заедница на несториските христијани, во долината Чу, во близина на езерото Исик Кул, во подножјето на планините Таншан, кои починале во 1338-1339 година. Најраните документирани смртни случаи од чума во други области биле забележани во 1346 година. Црната смрт потекнува од Централна Азија Реконструкцијата на геномот на патогенот покажа дека овој вид не само што доведе до развој на сојот што ја предизвика Црната смрт што ги опустоши Европа, Азија и Блискиот Исток, туку и повеќето видови на чума што постојат и денес. „Со нашето откритие дека Црната смрт потекнува од Централна Азија во 1330-тите завршува со вековна дебата“, рече историчарот Филип Славин од Универзитетот во Стирлинг во Шкотска, еден од авторите на студијата објавена во списанието „Нејчр“ (Nature). „Постојат голем број различни хипотези, што сугерираат дека пандемијата можеби потекнува од Источна Азија, конкретно од Кина, од Централна Азија, од Индија, па дури и во близина на области во регионите на Црното Море и Каспиското Море, каде што првите случаи биле документирани во 1346 година“, рече археогенетичарката и лидер на истражување Марија Спиру од Универзитетот во Тибинген, Германија. „Знаеме дека трговијата веројатно била одлучувачки фактор за ширењето на чумата во Европа, на почетокот на Црната смрт. Разумно е да се претпостави дека слични процеси влијаеле на ширењето на болеста од Централна Азија до Црното Море помеѓу 1338 и 1346 година“, додаде Спиру. Потеклото на пандемиите е предмет на жестоки дебати, за што сведочи и дебатата за актуелната пандемија на Ковид-19. Најсмртоносна пандемија во историјата Црната смрт беше најсмртоносната пандемија во историјата. Таа уби 50 до 60 отсто од населението во делови од Западна Европа и 50 отсто на Блискиот Исток, или вкупно 50 до 60 милиони луѓе, рече Славин. Непознат број луѓе загинаа во Кавказ, Иран и Централна Азија, додаде тој. „Веќе во средниот век гледаме голема подвижност и брзо ширење на човечкиот патоген“, вели археогенетичарот и коавтор на истражувањето Јоханес Краузе, директор на Институтот за човечка историја Макс Планк во Германија. „Не треба да го потценуваме потенцијалот на патогените да се шират низ светот од прилично оддалечени локации, веројатно поради зооноза“ или ширење на болести од животните на луѓето. Научниците анализирале заби, добар извор на ДНК, од седум лица закопани на гробиштата Бурана и Кара-Ѓигаша, добивајќи ДНК на чума од три примероци од Кара-Ѓигаш. Бубонската чума, тогаш неизлечива болест, што сега се лекува со антибиотици, предизва отечени лимфни јазли од кои истекува крв и гној и ги зафаќа крвта и белите дробови. Во Европа најмногу се пренесувала со каснување од болви од заразени стаорци. Пандемијата потекнува од диви глодари, најверојатно мрмоти, рече Славин. За ширењето придонесоа глодари кои ги придружуваа трговските каравани, а веројатно се прошири и со каснување од човечки болви и вошки. „Откривме дека најблиските живи роднини на видот Јерсиниа пестис, што доведоа до развој на Црната смрт, сè уште можат да се најдат денес кај мрмотите во регионот“, рече Краузе.    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан