• понеделник, 23 декември 2024

Научниците откриле органски молекул на Титан 

Научниците откриле органски молекул на Титан 

Вашингтон, 28 октомври 2020 (МИА) - Група научници од Центарот за вселенски летови Годард на американската вселенска агенција НАСА, под раководство на Конор Никсон, откриле органски молекули циклопропенилиден на Титан, најголемиот природен сателит на Сатурн. 

Научниците досега успеале да добијат таков молекул само во лабораториски услови. Овој молекул не постои во природните услови на Земјата ниту на другите планети или сателити во Сончевиот систем, затоа што тој многу лесно реагира со други молекули и формира посложени соединенија.  

Молекулот циклопропенилиден научниците го забележале во високите слоеви на атосферата на Титан. Истражувањето е објавено во научното издание „Астрономикал џурнал“. кб/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан