• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Научна трибина „Статусот на македонскиот јазик – состојби и перспективи“ во МАНУ

Научна трибина „Статусот на македонскиот јазик – состојби и перспективи“ во МАНУ

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Во организација на Одделението за лингвистика и литературна наука при Македонската академија на науките и уметностите и Советот за македонски јазик, денеска во МАНУ ќе се одржи научна трибина „Статусот на македонскиот јазик – состојби и перспективи“.

Учесниците на трибината ќе зборуваат за статусот на македонскиот јазик од аспект на неговата употреба во наставата, медиумите и јавната комуникација, како и за дијалектите, топонимите и терминологијата.

Воедно, како што соопштија од МАНУ,  ќе се осврнат и на континуитетот во развојот на македонскиот јазик, неговиот развој во ера на засилена глобализација, како и за интеграцијата на земјава во правниот мултилингвизам на Европската Унија. дма/мд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан