• недела, 21 јули 2024

Натпревар во фрлање авиончиња од хартија „Red Bull Paper Wings“

Натпревар во фрлање авиончиња од хартија „Red Bull Paper Wings“
Скопје, 27 март 2022 (МИА) - Во спортскиот центар „Форца“ во Скопје денеска попладне ќе се одржи натпревар во фрлање авиончиња од хартија „Red Bull Paper Wings“. Избраните национални победници ќе бидат поканети на финалето закажано за 1 април во East Gate Mall.

-„Red Bull Paper Wings“ и оваа година повторно полетува со своите авиончиња од хартија. Идејата е многу едноставна: Нема керозин, нема мотор, нема комплицирани навигациски системи - cè што е потребно е најобичен А4 лист хартија, вешти раце за правење авионче од хартија и што е можно подалеку да одлета авиончето, соопштија од „Ред Бул“.

Натпреварот брои три категории и тоа дистанца - авиончето што ќе одлета најдалеку, времетраење на лет - авиончето што најдолго ќе се задржи во лет и аеробатика - најкреативен настап.

Доаѓајќи од повеќе од 60 држави, националните победници од сите три категории ќе бидат поканети на Светското финале наRed Bull Paper Wings“, каде ќе бидат крунисани светските шампиони.

-Победниците од секоја категорија ќе имаат шанса да ја претставуваат земјава на Светското финале во познатиот Хангар 7 во Салцбург, Австрија, во мај, каде ќе се натпреваруваат заедно со светската елита во правење хартиени авиончиња. Шампионите од секоја категорија ќе добијат летечко искуство со реномираната флота на Flying Bulls, посочија од „Ред Бул“.

 Пријавувањето и детални информации може да се прочитаат на линкот. бт/мч/

Остани поврзан