• петок, 22 ноември 2024

Натпреварите во Серија А може да се играат во јули-август

Натпреварите во Серија А може да се играат во јули-август
Рим, 26 март 2020 (МИА) - Габриеле Гравина, претседател на Италијанската фудбалска федерација, посочи дека сезоната во Серија А може да се доигра се игра во јули и август. - Не губам надеж за продолжување на првенството. Ќе дадам се од себе за да се случи ова. Meне ми биде многу тешко да се откажам. Јас разбирам дека е рано да размислите за одреден датум, но треба да размислите позитивно. Ќе дадеме се од себе, ќе се обидеме да играме дури и ако бараме поддршка од УЕФА и ФИФА за да организираме натпревари по 30 јуни, и да ги искористиме придобивките што ни ги даваат јули и август, изјави Гравина. Тој ќе смета за личен пораз ако сезоната се откаже. -Тоа ќе биде мојот пораз. Тоа ќе ја намали важноста на натпреварувањето, нагласи Гравина. зс/

Остани поврзан