• недела, 06 октомври 2024

НАТО има потреба од 35 до 50 дополнителни армиски бригади за да го исполни своите нови планови за одбрана

НАТО има потреба од 35 до 50 дополнителни армиски бригади за да го исполни своите нови планови за одбрана

Брисел, 8 јули 2024 (МИА) - На НАТО ќе му бидат потребни дополнителни 35 до 50 армиски бригади за да ги исполни новите планови за одбрана од евентуален напад на Русија, јавија западните агенции, повикувајќи се на анонимен воен извор, кој одбил да открие повеќе детали за плановите.

Меѓу 3.000 и 7.000 војници ја сочинуваат бригадата, така што формирањето на такви борбени единици од 35 до 50 би било значаен предизвик, според агенциите.

Уште еден знак дека НАТО се засилува бидејќи уште посериозно ја сфаќа заканата од Москва по руската инвазија на Украина во 2022 година, извор од безбедноста рече дека Германија сама ќе мора да ги зголеми четирикратно своите противвоздушни способности за одбрана, пишува агенцијата.

Лидерите на НАТО на минатогодишниот самит во литванската престолнина Вилнус ги усвоија првите одбранбени планови на Алијансата во повеќе од три децении  и оттогаш претставниците работат на преточување на одлуките во конкретни воени барања, пренесуваат агенциите.

Се очекува лидерите да ги ажурираат своите планови на самитот на НАТО што почнува утре во Вашингтон, каде ќе се прослави 75-годишнината од формирањето на Алијансата. рп/

Фото: МИА архива



vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан