• понеделник, 23 декември 2024

Народна банка одржа предавања на три универзитети во земјава по повод Денот на европската статистика

Народна банка одржа предавања на три универзитети во земјава по повод Денот на европската статистика
Скопје, 1 ноември 2021 (МИА) – Народната банка го одбележа Денот на европската статистика преку двонеделни предавања насочени кон младите економисти, како значајни корисници на статистичките податоци коишто ги објавува банката, а со единствена цел да се промовираат вредноста и придобивките од статистиката во процесот на носење одлуки. -Статистиката, вакцина која ја штити демократијата и го спречува вирусот на дезинформации. Под ова мото на Европскиот комитет за статистика, одржа предавања на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Гоце Делчев“ во Штип и „Американ колеџ Скопје“, како и на Земјоделскиот факултет – насока агроекономија при УКИМ, беа организирани со залагања на наставниот кадар, а беа подготвени и изведени од тимот на Дирекцијата за статистика на Народната банка, информираат од банката. Директорката на Дирекцијата, Султанија Бојчева-Терзијан на предавањата се осврна кон клучни аспекти поврзани со статистичките податоци коишто ги изготвува Народната банка – монетарната статистика и статистиката на каматните стапки, екстерните статистики и статистиката на финансиските сметки. Од Народната банка информираат дека за време на предавањата биле опфатени и подетални стручни осврти, коишто ќе им бидат од корист и на младите истражувачи, а било опфатено и користењето на статистичкиот веб-портал „НБСтат“. Тие додаваат дека особено ги радува интересот искажан од студентите, при што во рамките на предавањата беа отворени поголем број стручни прашања, на коишто тимот на Дирекцијата за статистика на Народната банка се потруди да им даде исцрпни одговори. ки/лв/

Остани поврзан