• понеделник, 23 декември 2024

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 44. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 44. сесија на Клубот на истражувачите
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Народната банка објави повик за пријавување трудови за 44. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 26 септември 2022 во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 19 септември 2022.

- Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија, соопшти Народната банка. 

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Народната банка информира дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер. хс/лв/

 

Остани поврзан