• сабота, 23 ноември 2024

Намалено индустриското производство

Намалено индустриското производство
Скопје, 31 јануари 2022 (МИА) – Индустриското производство лани во декември  е намалено за 4,9 отсто во споредба со истиот месец од 2020 година, а во привите 12 месеци од 2021 година е повисоко за 1,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи пораст од 2,5  тсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 9,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 20,5 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. Според главните индустриски групи, производството во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи пораст кај Енергија за 18 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 23,4  отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,8 отсто, Капитални производи за 20,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,3 отсто. вј/дма/

Остани поврзан