• понеделник, 19 јануари 2026

Намалена видливост до 80 метри поради магла на неколку патни правци низ државава

Намалена видливост до 80 метри поради магла на неколку патни правци низ државава

Скопје, 18 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се престанати.

Како што соопшти ЈП Македонија пат, намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 метри Стража до 80 метри и на патниот правец Тетово- с.Лисец до 80 метри.

Сите патни правци се проодни.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нивниот дежурен телефон 02 25 61 502. нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан