Драма во последните секунди во Хернинг: Серафимов ја имаше топката в раце, имавме 20 секунди за победа, и тогаш таа необјасниво му испадна
- Следи нов напад, ние добро покриваме и се браниме, на десетина секунди пред крајот Португалците шутитраат, овој пат малку од десната страна, Томовски брани, топката доаѓа во рацете на Серафимов и се чини имаме зрак надеж за победа. Десетина секунди и доволно време за еден брз напад во таа трка по теренот, за шут и евентуален гол, ако успееме тоа да го изведеме без да ни биде направен фаул. Со тоа и да добиеме победа, која извесно не носи понатаму. И тогаш, необјасниво, тоа е дел од секундата, топката отскокнува од рацете на Серафимов и завршува зад теренската линија.
Хернинг, 18 јануари 2926, (МИА)
Невидена драма во Хернинг во последната минута од мечот на нашата репрезентација со Португалија.
Португалија го имаше последниот напад при резултат 29:29. Нам ни треба победа, а резултатот е нерешен и топката е во рацтете на противникот. Португалците шутираа од левата страна, Томовски одбрани, но топката повторно дојде во рацете на Португалците. Немавме среќа. Има уште половина минута, а босанските судии толерираат долги напад на Португалија.
Следи нов напад, ние добро покриваме и се браниме, на дваесетина секунди пред крајот Португалците шутитраат, повторно од левата страна, Томовски брани, топката доаѓа во рацете на Серафимов и се чини имаме зрак надеж за победа. Дваесет секунди и доволно време за еден брз напад во таа трка по теренот, за шут и евентуален гол, ако успееме тоа да го изведеме без да ни биде направен фаул. Со тоа и да добиеме победа, која извесно не носи понатаму.
И тогаш, необјасниво, тоа е дел од секундата, топката отскокнува од рацете на Серафимов и завршува зад теренската линија. Тоа е крај на нашите надежи и желби. Португалците имаат нов напад, ја држат топката до крајот и судиите означуваат финиш на мечот. Средбата завршува нерешено 29:29.
Последната средба од групната фаза ја играме на 20. јануари, противник ни е Романија.
фото: принтскрин, моментот кога Серафимов ја испушта топката.