Ван Дајк го повикува Ливерпул да се справи со проблемот со зголемувањето на цените на билетите за натпреварите
- Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, коментираше за ситуацијата со зголемувањето на цените на билетите за натпреварите.
Ливерпул, 13 април 2026 (МИА) - Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, коментираше за ситуацијата со зголемувањето на цените на билетите за натпреварите.
Ливерпул неодамна ја објави својата намера да ги зголеми цените на билетите во следните три сезони, што предизвика лута реакција од навивачките групи. Протест беше организиран по поразот од Фулам со 2:0 во Премиер лигата во 32. коло, при што навивачите истакнаа транспарент на трибините на „Енфилд“.
- Мислам дека навивачите се срцето и душата на клубот. Ако се чувствуваат вака, тогаш протестирањето е нивно легитимно право. Се надевам дека ќе најдат решение заедно со клубот. Овие прашања одат многу подалеку од мојата улога како капитен на тимот. Но, моето мислење е следново: нашите навивачи се клубот. Отсекогаш било вака - пред мене и по мене. Важно е овие прашања да се решат, бидејќи тоа не е од корист за никого, изјави за Ван Дајк за британските медиуми.
Ливерпул е на петтото место на табелата во англиската Премиер лига со 52 бода по 32 натпревари. зс/
Фото: ЕПА