Книпел прв дебитант во историјата на НБА кој ја заврши сезоната како лидер во лигата по тројки
- Кошаркарот на Шарлот, Кон Книпел, постигна три тројки во последниот натпревар од регуларната сезона против Њујорк Никс (110:96). Тој има постигнато 273 тројки во сезоната 2025/26.
Вашингтон, 13 април 2026 (МИА) – Кошаркарот на Шарлот, Кон Книпел, постигна три тројки во последниот натпревар од регуларната сезона против Њујорк Никс (110:96). Тој има постигнато 273 тројки во сезоната 2025/26.
Книпел ја заврши регуларната сезона како лидер во лигата по тројки, станувајќи првиот дебитант во историјата на НБА кој го сторил тоа. Неговиот соиграч, Ламело Бол, заврши втор по тројки (272).
Дваесетгодишниот Книпел имаше просек од 18,5 поени, 5,3 скока и 3,4 асистенции во 81 натпревар, додека шутираше со 47,5 проценти од поле и 42,5 проценти од три поени. зс/
Фото: ЕПА