Де Зерби: Ни треба Ромеро да ја заврши сезоната и да ја постигнеме нашата цел
- Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, коментираше за повредата на дефанзивецот Кристијан Ромеро, која ја заработи викендот во поразот од 1:0 од Сандерленд во 32. коло од англиската Премиер лига.
Лондон, 13 април 2026 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, коментираше за повредата на дефанзивецот Кристијан Ромеро, која ја заработи викендот во поразот од 1:0 од Сандерленд во 32. коло од англиската Премиер лига.
-Ќе треба да видиме во наредните денови. Се надевам дека нема да стане голем проблем бидејќи тој е клучен играч за нас. Ни треба да ја заврши сезоната и да ја постигнеме нашата цел, изјави Де Зерби за „ESPN“.
Тотенхем загуби од Сандерленд и падна во зоната за испаѓање од Премиер лигата.
Дваесет и седумгодишниот Аргентинец се повреди во второто полувреме по судир со голманот на Тотенхем, Антонин Кински.
Во сезоната 2025/26, дефанзивецот постигна шест гола и имаше три асистенции во 32 натпревари. Тој игра и за репрезентацијата на Аргентина. зс/
Фото: ЕПА