• понеделник, 23 декември 2024

НАкС: Синдикалното здружување вреди

НАкС: Синдикалното здружување вреди

Скопје, 1 мај 2023

Независниот академски синдикат се формираше во 2016 година, со заложба за подобрување на квалитетот на високото образование и науката, почитување на универзитетската автономија, како и подобрување на општествениот и социјален статусна академската заедница.

По неколкугодишната борба со различните чинители, водејќи дебата базирана на аргументи, анализи, истражувања, алармирајќи за проблемите и застапувајќи квалитетни решенија, НАкС го иницираше потпишувањето на првиот гранков Колективен договор во одделот на високото образование и науката во независна Македонија и во соработка со СОНК, само во последните две години се избори за:

1.Загарантирана исплата на минатиот труд на вработените од основниот буџет на МОН;

2.Дефинирање на основната плата на вработените;

3.Утврдување на платите согласно сложеноста на работните места;

4.Поставување на горен праг на оптовареност за наставниот кадар во делот на наставата;

5.Проширување на основот за покренување штрајк, со вклучување на одбраната на универзитетската автономија како основана причина за штрајк;

6.Зголемување на коефициентите на платите на наставниот и ненаставниот кадар;7.Системско решение за покачување на платите базирано на зголемувањето на просечната плата по истек на важењето на Колективниот договор;

8.Ваквите решенија за делот од платата што се исплаќа од основниот буџет на МОН резултираат со кумулативно покачување на платите од околу 40 % за само две години, и тоа преку:

➢покачување на коефициентите за пресметка на плата за 10%, од 01.09.2021,

➢покачување на коефициентите за пресметка на плата за 10%, од 01.09.2022,

➢договорено покачување на основицата за пресметка на плата од околу 17%, со важност од 04.05.2023;

9.Повторно воведување стипендии за постдипломци и докторанди;

10.Отворање конкурси за апликативни проекти и научно-истражувачки проекти, како и опремување на лаборатории;

11.Отпочнување на процесот на вработување соработнички кадар во областа нависокото образование и науката. 

Ништо од ова немаше да го оствариме без несебичната работа на колегите во НАкС, без партнерите од СОНК, кои ни се придружија во борбата за подигнување на достоинството на академската заедница, како и без разбирањето на соговорниците во социјалниот дијалог - Министерството за образование и наука. 

На Меѓународниот ден на трудот сакаме да ја испратиме пораката до нашите колеги, наставен и ненаставен кадар кој работи во областа на високото образование и науката,дека синдикалното здружување вреди и дава резултати! 

Оттука, ве покануваме да ни се придружите за да бидеме уште побројни затоа што ни престои уште многу борба за подобри работнички права и затоа што работничките права мора постојано да се бранат. Колку сме повеќе, толку сме посилни! 

Независен академски синдикат - НАкС

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан