Најмалку 11 мигранти загинаа, а 21 се спасени откако надувувачки чамец потона во близина на Бодрум
- Најмалку 11 мигранти загинаа, а 21 друг е спасен откако надувувачки чамец потона во водите на Егејското Море во близина на турскиот туристички град Бодрум утрово, објави весникот „Јени Шафак“, повикувајќи се на соопштение од турската крајбрежна стража.
Анкара, 1 април 2026 (МИА) - Најмалку 11 мигранти загинаа, а 21 друг е спасен откако надувувачки чамец потона во водите на Егејското Море во близина на турскиот туристички град Бодрум утрово, објави весникот „Јени Шафак“, повикувајќи се на соопштение од турската крајбрежна стража.
Според соопштението, крајбрежната стража рано утрово добила сигнал за тонење на надувувачки чамец со мигранти лоциран во областа на градот Јаликавак во близина на Бодрум, а службите и хеликоптер веднаш биле испратени на местото на настанот.
За време на операциите за пребарување и спасување што ги спроведе крајбрежната стража во областа, досега се пронајдени телата на 11 лица, а уште 21 лице е извлечено неповредено, се додава во соопштението.
Операциите во областа во моментов се во тек. мс/јт/
фото: Архива