• понеделник, 23 декември 2024

Општина Кисела Вода ќе додели субвенции за огревно дрво на вкупно 478 семејства

Општина Кисела Вода ќе додели субвенции за огревно дрво на вкупно 478 семејства

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Вкупно 478 семејства од Општина Кисела Вода ќе добијат субвенција за набавеното огревно дрво. Финансиски надомест во износ од 500 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар кубен дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри дрва или по 350 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар просторен (1 метар просторен) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 14 метри. Средствата, како што е најавено, ќе бидат исплати до крајот на годинава.

За доделувањето на надоместокот, како што информираат од Општина Кисела Вода, одлучувала комисија формирана од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Оттаму посочуваат дека од вкупно поднесените 586 барања од страна на граѓаните за проектот „Субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на територија на општина Кисела Вода за купување на дрва за огрев“, одобрени беа 478, додека 21 беа одбиени поради некомплетна документација. Архивските броеви кои се над архивски број 08-8468/501 не се замени во предвид поради исцрпување на предвидените финансиски средства во висина од 1.200.000,00 денари со вклучен персон нален данок.

- Вкупно 478 семејства од Кисела Вода ќе добијат финансиска поддршка за набавка на огревно дрво. Помошта за нашите сограѓани во овие тешки времиња за нас, како раководство, останува да биде трајна заложба, бидејќи Македонија се соочува со голема економска криза и се поголем е бројот на наши сограѓани кои имаат потреба од финансиска поддршка.  Покра субвенциите за огревно дрво, се потрудивме и ова зима домовите да им бидат топли и на лицата кои се загреваат со пелети, обезбедувајќи субвенција и за печки на пелети, како и на пелети како енергенс,  изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Граѓаните кои имаат потреба од дополнителни информации во врска со резултатите од проектот „Субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на територија на општина Кисела Вода за купување на дрва за огрев“, можат да се јават на телефонскиот број 02/2785-427 секој работен ден од 08 до 16 часот. љм/аа/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан